ЛУДИЛОТО НА ВМРОНИТЕ: АЛИ АХМЕТИ Е ЖИВ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗА АЛБАНЦИТЕ, МОЖЕ ДА МУ СЕ ЈАВИ НА КОЈ БИЛО АЛБАНСКИ БИЗНИСМЕН ОД ТУКА ПА СЕ ДО ДРАЧ, ЛОНДОН, ЦИРИХ, ЊУЈОРК И ДА ПОБАРА 1 МИЛИОН ЕВРА ДОНАЦИЈА И ЌЕ ЈА ДОБИЕ БЕЗ ЗАДРШКА А ВМРОВЦИТЕ ГО ОЦРНУВААТ ДЕКА КРАДЕЛ СТРУЈА СО КАБЕЛ ДИРЕК ОД ЕВН ТРАФО?!?!

Знаете ли зошто е ДУИ 20 години во врвот на мак политиката, зошто уште никој не може да ги победи во албнанскиот камп?

Затоа што тие се политичкото крило на нивното ВМРО, со тоа што нивната револуција не беше пред 130 години како нашата ВМРО револуција, туку сега пред 30, 20 години и Али Ахмети е нивниот Гоце Делчев.

Замислете сега да беше жив Гоце Делчев колку рејтинг ќе имаше и како ќе поминуваше на изборите?

Затоа Али Ахмети и ДУИ се толку моќни, затоа што гинеа за Албанците, буквално и потоа борбата од планините ја продолжија во собранието и на изборните кутии и на митинзите и тв дебатите…

Кај нас тоа не успеа затоа што ние се сметаме за поразени во 2001-ва и затоа ДОСТОИНСТВО на мојот пријател генералот Ангелов ја нема таа политичка сила како Али АХмети.

Плус, Али Ахмети не е само од 2001-ва, тој е основач на УЧК уште во 80-тите, па го водеше бунтот и во Косово, тој е навистина СЕ АЛБАНСКИ лидер и државник, вистински Албански Гоце Делчев. Човекот може да ги добие на телефон сите претседатели на европските земји и сигурен сум дека без проблеми може да дојде и до разговор ај ако не со Бајден но со Камала Харис без проблем може да закаже ако сака и прием во Белата Куќа во рок од 24 часа. Знаете ли што значи таква една политичка моќ пресликана во пари? Кога над 10 милиона албанци на балканот ве сметаат за жив бог, цела емиграција ве смета за најголем борец за правата на Албанците, а секој светски лидер може да го добиете на мобилен, со исклучок на тројцата знаеме кои се тие нели…

И сега ВМРО го обвинуваат дека крадел струја со кабел од ЕВН трафо?!?! Човекот може да крене телефон и да замоли 1 милион евра од секој бизнисмен од Скопје па до Драч, а во емиграцијата до Лондон, Цирих, Њујорк, секаде каде што има албнанска емиграција. И го обвинуваш дека краде струја, затоа што тоа се совпаѓа со стереотипот за Албанците дека се лопови кои не плаќаат струја па одат со таа смешна конструкција колку и тоа да нема логика.

Но тоа е таа ВМРОВСКА машина која гази се пред себе, почнува со гласина на соц мрежи, па потоа оди на портали, па оди на прес на ВМРО, па потоа оди во вести на телевизии, па на дебати на телевизии, па пак се заокружува со пресови и додека да се заврти кругот веќе тоа е рамно на вистина иако е рекла казала…

Оваа ПРОПАГАНДНА МАШИНА на ВМРО е маестрална меле се пред себе и се прашувам дали некако некој ќе најде решение и ќе ја стопира да не го малтретира народот со лаги и манипулации…

sunwin

game bài sunwin tải sunwin apk tải sunwin apk

sunwin

sun win

game sunwin game bài sunwin tải sunwin