ЛУЃЕ НЕ СИ ИГРАЈТЕ СО СУДБИНАТА, НЕ ВОЗЕТЕ ПИЈАНИ, МОЖЕ ДА УБИЕТЕ НЕКОГО А И СЕБЕСИ: МВР ФАТИ 20 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ, 17 ВО ТЕТОВО, 15 ВО СТРУМИЦА, 11 ВО БИТОЛА…

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возила.

Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во времето од 22.00 часот на 22.01.2022 година до 04.00 часот на 23.01.2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, било констатирано дека 15 возачи, од кои 6 во Струмица, 5 во Гевгелија и 4 во Радовиш управувале моторни возила под дејство на алкохол и истите биле соодветно санкционирани.

Вчеравечер(22/23 јануари) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол.Во контролата откриени и санкционирани се 17(ТЕ) возачи под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции.

Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и 20 (ТЕ-13 и ГВ-7) други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со законски предвидените поднесоци.

Полициски службеници од СВР Битола на ( 22/23.01.2022) од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

sunwin club

tải sunwin

sunwin game sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin

tải sunwin