ЛУКАШЕНКО СЕ УПЛАШИЛ ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА: НИЕ ПРВИ ЌЕ СТРАДАМЕ АКО ДОЈДЕ ДО ТОА!

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вели дека „крајот на овој конфликт нема да се одложи толку долго како што некои светски политичари и аналитичари тврдат и очекуваат“.

-Не сум доволно навлезен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, дека имам чувство дека оваа операција беше одлговлекувана и се одлговлекува одложена – рече Лукашенко.

Лукашенко се осврна на неговата улога како посредник во овој конфликт, потсетувајќи дека првите мировни преговори се одржаа на негова иницијатива и дека тоа, според него, доволно покажува дека Минск е на страната на мирот.

-Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме се што можеме за да спречиме војна. Искрено благодарение на нас, т.е. мене, започнаа преговорите меѓу Украина и Русија. Но, за мене останува енигма зошто Украина, на чија територија се води војната, каде секојдневно умираат луѓе, не е заинтересирана за овие преговори? – праша тој.

Лукашенко, исто така, рече дека би било „неприфатливо“ да се користи нуклеарно оружје.

-Не само што е неприфатлива употребата на нуклеарно оружје затоа што е веднаш до нас. Ние не сме преку океанот како САД. Дали Русија е способна за тоа или не е прашање што треба да му го поставите на руското раководство – рече тој.

sun win

tải sunwin

tải sunwin apk

game sunwin game sunwin sunwin.apk mới nhất

sun win