Мајка на дете со Даунов синдром: Кој дозволи вакво изживување врз Ембла?

Целата ситуација околу 11-годишната Ембла од Гостивар, која беше дискриминирана од родители на нејзини соученици, бидејќи има Даунов синдром, ја крена на нозе целата македонска јавност.

Сузана Стојановска, која е мајка на дете со Даунов синдром, за „Фокус“ го искажа револтот поради ваквата случка и побара одговорност.

„Тука имаме непочитување на законот од институцијата-училиште. Потоа следува психичко малтретирање на детето со самото тоа што наставата морало да ја „следи“ од изолирана просторија. Ембла е дискриминирана по повеќе основи и според мене, тоа е недозволиво“, вели Стојановска.

Според неа, системот во нашето општество е трул и многу е тешко дека ќе се надминат ваквите проблеми во иднина.

„Каде е стручниот тим на училиштетот и кој дозволил вакво изживување врз Ембла? Дали се запрашале какви последици ќе има сето ова по психичкото здравје на детето. Ништо не функционира и мора одговорност од сите“, додаде таа.

Стојановска и нејзиниот син Никола во текот на вчерашниот ден преку социјалните мрежи упатија пораки за поддршка на Ембла.

„Јас имам Даунов синдром и јас сум редовен ученик. Научете што е љубов нас“, пишува на пораките кои ги испрати Никола.

ИЗВОР ФОКУС.МК

game bài sunwin

sun win

sunwin

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất game bài sunwin

tải sunwin