Мајката на Верица чие срце беше донирано, вработена во новата канцеларија на премиерот за контакт со граѓаните

Премиерот Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во Канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката чие срце беше донирано.

-Оваа канцеларија претставува уште една алатка за комуникација со граѓаните, место каде што тие ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и предлози. На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина Струмица, но и од соседните општини ќе можат да закажат средба со премиерот Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат. Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во Канцеларијата, меѓу кои и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која преку најголемиот хуман чин – донација на органите – спаси повеќе човечки животи. Премиерот Заев денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на којашто разговараа за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица. Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи, соопштија од Владата.

Link with us
Game bài đổi thưởng