МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ ЈА КРЕНАА И СЗО НА НОЗЕ: Итен состанок, повод-новата епидемија

Светската здравствена организација свикува група водечки експерти на итен состанок за да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници.

Според последните информации, двојно е зголемен бројот на заразни мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека има 11 нови случаи на заразени.

„Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега. Повеќето случаи имаат благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунска сипаница“, напиша тој на Твитер.

Инаку, мајмунските сипаници последниве денови се шират во Европа, а првите случаи се потврдени во Франција, Италија, Шведска, како и во Канада и Австралија. Првиот пациент кој доби мајмунска сипаница на 7 мај допатувал од Нигерија во Англија каде се верува дека е заразен.

Од денеска и во Италија е потврден еден случај на „мајмунски сипаници“, а се истражуваат уште два за копи лекарите се сомневаат дека е (вирусот на сипаница), а изолираниот пациент е млад човек кој допатувал од Канарските острови. Вирусот е изолиран на Инфективната клиника Спаланчани во Рим.

Големите сипаници, кои досега беа забележани главно во Западна и Централна Африка, се ретка вирусна инфекција, слична на сипаница, иако во поблага форма.

Вирусот првпат беше регистриран во ДРКонго во 1970-тите, а бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија.

Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото. Симптомите на болеста се различни, понекогаш благи, понекогаш многу тешки, треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни жлезди, осип на кожата, плускавци и мозолчиња исполнети со гној што предизвикуваат силно чешање и болка. Се случува симптомите да исчезнат во рок од 14 до 21 ден, времето на инкубација на мајмунската сипаница е различно, може да биде помеѓу 6 и 13 дена, но може да биде и помеѓу 5 и 21 ден.

Според податоците на веб-страницата на Светската здравствена организација, смртноста од мајмунски сипаници била меѓу нула и 11 отсто, а во последно време се движи меѓу три и шест отсто.

ФОТО: YouTube Print Screen

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin web

tải sunwin

game bài sunwin tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sun win

sunwin.apk mới nhất