СУДИРОТ НА РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН СО САД И НАТО И ПРАВИ ГОЛЕМА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Пишува Саше Ивановски Политико

Нашиот голем пријател Реџеп Таип Ердоган во обидите да издејствува подобра позиција за Турција во НАТО и ЕУ особено во битката за надмоќ во медитеранот со Грција и затоа прави ризични потези во кои се доближува до Русија купува руски системи С 400, става вето на Шведска и Финска, се бори против Ѓунелистите кои ги обвинува за тероризам и воениот пребврат во 2016-та а кои се помогнати од некои кругови во САД и сето тоа прави тензија во односите на Турција со САД, НАТО и ЕУ.

Тоа е на директна штета на нашите интереси како држава, иако Ердоган сигурно не го посакува тоа, Турција е наш голем помагател, инвеститор, пријателска држава со која имаме блиски односи. Се разбира има во тоа пријателство и задни намери да не се лажеме, секоја земја си работи за своите интереси, на ТУрција и беше важно да има силно присуство во Македонија и да дејствува да не се решат проблемите со Грција за да Грците бидат распнати на два фронта еден кон Македонија еден кон Кипар за кој со Турција се борат со децении. Но сите земји имаат свои национални интереси и тоа не е турски грев. Турските инвестиции во земјава достигаат милијарда евра и со тоа Турција значително помогна економски земјава да застане на нозе за што треба да сме им многу благодарни на Турците…

Но сепак на крај во моментов ние го јадеме стапот како држава на тој дуел на Ердоган со САД и ЕУ кој засега е само вербален но со ветото кон Шведска и Финска тој дуел почнува да станува и реален. Како сме ние жртви на сето тоа?

Поради оваа тензија меѓу Турција со НАТО и ЕУ, расте гео стратешката цена на Бугарија со која ние во моментов сме закопани во дипломатски ровови за проблемот со историјата, јазикот, идентитетот, бугарското малцинство, инфраструктура… Иако сите велеат дека идентитетот не е на маса, сепак со чепкањето во некои историски моменти и историски ликови некои се плашат дека ќе се наруши идентитетот на Македонците.

Со тоа што како резултат на тензиите на Турција со НАТО и ЕУ, расте цената на Бугарија како земја која излегува на Црно Море, се намалува можноста САД да ја притиснат Бугарија да го крене ветото за влез на земјата во ЕУ, особено откако Бугарија беше добра и послушна и не крена вето за влез на земјата во НАТО, сега е тешко по втор пат да се скрши нивниот отпор а да не се нанесе штета на интересите на ЕУ и НАТО на кои очајно им требаат пристаништата на Бугарија на Црно Море. Тука се и воздушните рути кои поминуваат преку Бугарија, значи и аеродромите се битни за авионите на НАТО да можат да дејствуваат во тој регион кој е блиску до секогаш ризичниот регион во блискиот исток. Расте цената и на Грција со која веќе ги решивме односите и тоа не е проблем, но со БУгарија ништо не сме решиле и сега имаме проблем, мораме да чекаме и да се расправаме со БУгарија во која се порадикални стануваат некои националистички структури кои се охрабрени од ново добиената стратешка важност на САД и сега се погласно кажуваат работи кои до скоро беа искажувани од устата на смешни радикали маргиналци како Каракачанов…

Наместо да ги подобри нашите позиции како што се мислеше на почетокот, војната во Украина исто така ни прави штета, затоа што НАТО е се позагрижено за пристапот до пристаништа до мориња до воени воздушни рути и нема шанси САД и ЕУ да ги влошат односите со БУгарија кога веќе Турција реши да ги ескалира односите поради интереси на Турците од порано, имено дуелот со Грција и со Ѓунелистите за кои Ердоган вели дека пробаа со тероризам да го сменат од власт во 2016-та.

Да немаше војна во Украина, да немаше светска криза со енергенси и храна, да немаше проблем и тензии меѓу Турција и НАТО и меѓу Турција и ЕУ, САД и ЕУ ќе можеа да се посветат посилно на проблемот меѓу нас и Бугарија и ќе издејствуваа што со лобирање што со закани што со казни некако да го решиме проблемо, вака ќе треба да чекаме војната во Украина да заврши, и некако ТУрција да ги подобри односите со НАТО и ЕУ, се надевам дека грешам.

А додека чекаме тоа да се случи ќе мора да лобираме, дебатираме со браќата во Бугарија за да се врати довербата да се намали говорот на омраза и да се вратиме пак на старите времиња кога имаше симпатии меѓу двете земји и двата братски народи.

game sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu

game sunwin game sunwin sunwin web

sunwin tài xỉu sunwin web game sunwin