Македонски Концепт промовира нов национален тим

Македонски Концепт, како отворена политичка платформа, постојано работи на вклучување на нови кадри кои се залагаат за полна демократизација на македонското општество. Граѓанскиот активизам претставува клучна компонента на Македонски Концепт, при што беа распишани огласи за избор на генерален секретар, заменик-генерален секретар, извршен директор и претседател на Младински Концепт.

На седница одржана на 27 јуни 2021 година, Националниот совет на Македонски Концепт ги избра:

Мартин Бошкоски за генерален секретар на Македонски Концепт. Бошкоски е магистер на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Бошкоски е со повеќегодишно работно искуство како во адвокатурата, така и во другите сектори на стопанството.

Филип Дилевски за заменик-генерален секретар на Македонски Концепт. Дилевски е ко-сопственик и извршен директор на приватна консултантска куќа, чиј приоритет е привлекување странски инвестиции и создавање нови работни позиции во руралните места.

Антoниo Нeстoрoски за извршен директор на Републички Директорат на Македонски Концепт. Нестороски е дипломиран политиколог на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и иден магистер на Универзитетот во Падова, Италија.

Александар Тасев за претседател на Младински Концепт. Тасев е иден дипломиран економист на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Тим за комуникација со јавност

Link with us
Game bài đổi thưởng