Макрон се слушна со Путин, побарал Русија да ја прекине инвазијата, двајцата претседатели се договорија да останат во контакт

По инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Имаше „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“, пренесува агенција ДПА.

Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.

Елисејската палата соопшти дека Макрон го повикал Путин за да побара прекин на офанзивата на Москва врз Украина.

„Откако разговараше со украинскиот претседател и во координација со него, претседателот (Макрон) го повика Владимир Путин да побара итен прекин на руските воени операции, напоменувајќи дека Русија ризикува масовни санкции“, соопштија од Елисејската палата, додека Макрон присуствува на самитот на ЕУ во Брисел.

Макрон е првиот западен политичар кој разговарал со Путин по неговата меѓународно осудена наредба за инвазија. Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на Париз.

Link with us
Game bài đổi thưởng