Макрон во посредничка улога меѓу Скопје и Софија: Освен со Ковачевски разговарал и со Радев

Освен со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговарал и со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Една од главните теми, како што соопштија од кабинетот на Радев, била и европската перспектива на земјите од Западен Балкан односно бугарското вето за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

„Во интерес на стабилноста на обединета Европа, секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги поддржува европските вредности поврзани со правата на нејзините граѓани, а Бугарија на ова поле очекува конечни резултати од Република Северна Македонија за да се согласи на почеток на преговорите“, рекол Радев, пренесоа од неговиот кабинет.

Бугарскиот претседател, според соопштението, посочил и оти Софија и Скопје се договорите да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, но дека сè уште нема резултати. Исто така, барал во преговарачката рамка да се вклучат гаранциите дека Северна Македонија ќе си ги спроведе своите обврски.

„Претседателот го истакна и очекувањето на нашата земја за правно обврзувачки гаранции, кои ќе бидат вклучени во преговарачката рамка за Република Северна Македонија, и ќе обезбедат спроведување на обврските преземени од РСМ. Румен Радев, исто така, истакна дека неспроведувањето на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка од страна РСМ, пет години по неговото потпишувања, налага конкретни чекори и резултати“,

велат од кабинетот на Радев додавајќи дека на Макрон тој му посочил оти спроведувањето на договорот ќе ја врати и зајакне довербата помеѓу двете држави.

Францускиот претседател денеска имал телефонски разговор и со премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопштија од Владата, двајцата се согласиле дека повеќе нема време за губење и оти понатамошно одложување на проширувањето на ЕУ и на европската интеграција на Северна Македонија може да има сериозни регионални последици и да дојде до широко отворање на вратата за трети страни.

Франција е актуелен претседавач со Советот на Европа, а денеска од Брисел стигна и потврда дека на крајот на нејзиното претседателство ќе се одржи конференција на ЕУ за Западен Балкан. Датумот ќе биде 23 јуни односно истиот ден кога ќе се одржи редовниот јунски самит на ЕУ.
Во меѓувреме, и Европската комисија (ЕК) денеска за првпат се изјасни за временски рок за одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија наведувајќи го крајот на јуни. Откако известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук го презентираше извештајот за земјава, во име на ЕК во Европарламентот се огласи еврокомесарот Дидие Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји. По воведот на Ќучук за неговата резолуција за земјата, Рејндерс повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство односно до 30 јуни.

sunwin apk tải sunwin sunwin club

tải sunwin apk

tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin web game sunwin game sunwin