МАКСИМ Е ЕДЕН ОД ФАВОРИТИТЕ, НО ОВДЕ ИМА И ДРУГИ КАНДИДАТИ: СДСМ ќе го одбере најдоброто, премиерот Заев за поддршката на Димитриевски

Премиерот Зоран Заев, денеска при отворањето на првиот Младински центар во Куманово, запрашан дали актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ќе ја има поддршката за уште еден градоначалнички мандат на локалните избори, рече дека денеска во Куманово се заради младите пред се.

-Ние сме другари и социјалдемократи и секогаш во демократска процедура ги утврдуваме најдобрите меѓу нас коишто по сугестија на граѓаните, по пат на анкета и истражување се тие што ќе ги понудиме за кандидати, и за советници и советнички и за градоначалници и градоначалнички. Секако дека Максим е еден од фаворитите, но овде имаме и други кандидати.

Денеска во Куманово сме дојдени пред се за младите. Како и сите останати политички партии, така и Социјалдемократскиот сојуз ќе го истакне тоа што е најдобро од своите редови, за да им го понудат на граѓаните и да биде им биде сервис.

Link with us
Game bài đổi thưởng