МАКСО ГО ОБРАЛ БОСТАНОТ, ЦЕЛО КУМАНОВО Е СО СДСМ – Илиевски заедно со Заев од Куманово Младите сакаат чиста животна средина, убав град и паркинг места, а во изминатите четири години ништо немаат добиено

Илиевски заедно со Заев од Куманово: Младите сакаат чиста животна средина, убав град и паркинг места, а во изминатите четири години ништо немаат добиено

„Ако владата можеше во изминатите четири години да даде 12 милиони евра за проекти околу Куманово, сега е време да издвои пари за Куманово сите ние да имаме подобри услови за живот и животна средина. Младите не сакаат да гледаат ѓубре, сакаат паркинг места, шеталиште, паркови и кеј, а во изминатите четири години ништо не е направено за Куманово, време е да работиме и населбата Гоце Делчев и градот да ги направиме пристојно место за живеење – рече Оливер Илиевски кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата вечерва на мини митинг во населбата Гоце Делчев во Куманово, на средна со граѓани заедно со потпретседателот на СДСМ Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски.

„За четири години освен подлогата на ова игралиште друго ништо не е направено за населбата Гоце Делчев. Улиците се раскопани и во дупки, парковите напуштени, а токму оваа населба беше една од најубавите населби во Куманово. Како може да зборуваме за европски вредности кога не сме си ја сработиле работата тука дома. Населбата Гоце Делчев повторно ќе биде најубавата населба со средена инфраструктура и зеленило“-рече Илиевски.

Сите ние цела година поминавме низ секоја населба и секоја улица, ги видовме и нотиравме сите проблеми, нашата програма не ја препишавме од пред четири години туку имаме реална програма за која ви ветувам дека сите наведени проекти за четири години ќе бидат реализирани. Некој ни зборува историја, но ние сакаме иднина. Ги сакаме и почитуваме нашите историски личности и тука во населбата Гоце Делчев ќе изградиме спомен-обележје на нашиот револуционер Гоце Делчев, така се сака историјата не со демагогија.

За четири години Куманово ќе има најмодерен плоштад, нов стадион, три катни гаражи, две градинки, нов кеј, паркови и најдолгата велосипедска патека, а ние ќе го направиме тоа. Ве повикувам во недела сите да излеземе масовно на изборите и да ја избереме најдобрата програма за градот и за сите граѓани на Куманово, порача Илиевски.

sunwin

sun win

sun win

sunwin web tải sunwin apk tải sunwin

game sunwin sunwin club sunwin.apk mới nhất