МАЛКУ ДОЦНИМЕ СО ОВАА ВЕСТ: СЕ СПОИЈА ВО ЕДНА ГОЛЕМА КОРПОРАЦИЈА НАРЕЧЕНА СТЕЛАНТИС БРЕНДОВИТЕ ФИАТ, ПЕЖО, СИТРОЕН, КРАЈСЛЕР, ОПЕЛ, АЛФА РОМЕО, ЏИП, МАСЕРАТИ, ДОЏ, ЛАНЧИА…

Навистина се чудиме како сме ја пропуштиле оваа светска вест, имено пред неколку месеци во јанурари се случило корпорациско спојување на Фијат корпорацијата со ПСА корпорацијата во една поголема фирма наречена СТЕЛАНТИС која сега управува со 14 автомобилски брендови, половина европски половина американски со што сега оваа фирма е 4-ти автомобилски гигант во светот, по Тојота (во која спаѓа и брендот Лексус), Волскваген (во кој се брендовите Волскваген, Ауди, Шкода, Сеат и Порше) и Рено групацијата во која групација покрај Рено се и Мицубиши и Нисан.

Главна цел на оваа нова групација е враќање на Пежо и Фијат на голема врата во САД, заштеда на пари поради заеднички настап во повеќе полиња за што се проценува сума на заштеда од околу 6 милијарди долари за 5 години и електрификација на повеќето брендови односно вадење на повеќе електрични и хибридни модели.

Најнова вест е дека Стелантис склучила договор со кинеската ФОКСКОН, позната по тоа што го прави телефонот АЈФОН, за правење на електрични модели во халите на кинескиот гигант. Најголема предност на ФОКСКОН е што располага со 100 000 вработени кои можат многу бргу да произведуваат што и да било и да го пласираат на пазарот без разлика колкава е побарувачката значи зборуваме за произведени милиони телефони или во случајот автомобили за само недела или две што е незамисливо во европските или американските фабрики каде работниците имаат синдикати и разни правила за заштита на работниците додека во Кина такво нешто е забрането, што е голема иронија ако се знае дека Кина е комунистичка земја што би требало да значи заштита на работникот и негови привилегии, но токму тоа ги уништи сите досегашни социјалистички и комунистички земји па Кинезите изгледа тоа на време до проучиле како фалинка на комунизмот како систем.

Link with us
Game bài đổi thưởng