МАЛОТО ДИКТАТОРЧЕ СО КРВ НА РАЦЕТЕ СЕ ПРАВДА: МОРАВМЕ ДА НАПАДНЕМЕ, БЕВМЕ ВО ОПАСНОСТ?!?!

Откако почна рускиот напад над Украина, попладнево прв пат се огласи рускиот претседател Владимир Путин.

Обраќајќи им се на претставниците на руската деловна заедница, Путин рече дека „Москва нема друг избор освен да дејствува во Украина и дека руските партнери треба да го разберат тоа и да не ги туркаат од системот“, објави Спутник.

Тој додал дека владата треба да им даде поголема слобода на претприемачите, „но дека не може да предвиди геополитички ризици“.

-Тоа што се случи е присилна мерка. Не ни оставија никакви шанси да постапиме поинаку. Безбедносните ризици беа создадени на тој начин што беше невозможно да се одговори со други средства, рече Путин.