МАНЧЕВСКИ СО ПОТРЕСНА КОЛУМНА: Да бев како нив, ќе им посакав да им се врати се исто. Да им се врати истото што го преживеавме ние. Да и нив се обидуваат да ги убијат 3 часа. И нив да се обидат да ги прободат со стапот со знамето од Вергина. И нив да ги повредат. И нивните деца тоа да го гледаат.

Поминаа 4 години. Некои работи околу 27 април свесно или потсвесно се обидував да ги заборавам. Ама во неделата, истите ликови, истите пејачи, истите црни маици, ме потсетија многу убаво. Се беше исто, истата сценографија.

Да бев како нив, ќе им посакав да им се врати се исто. Да им се врати истото што го преживеавме ние. Да и нив се обидуваат да ги убијат 3 часа. И нив да се обидат да ги прободат со стапот со знамето од Вергина. И нив да ги повредат. И нивните деца тоа да го гледаат. И не да им се врати само тоа што се случуваше на 27 април, туку и претходно. И нив со денови да ги чекаат во влез додека се враќаат со семејството. И нивните семејства да не можат да одат дома. И на нивните згради да им пишуваат смртни закани, кои нивните деца ќе ги читаат.

Да бев како нив, ќе им посакав се да им се врати. Ама не сум и никогаш нема да бидам. Не посакувам тоа зло повеќе никому да му се случи. Не посакувам никогаш човек на човек да крене рака. Ја напуштив политиката и повторно ќе се обидам да заборавам, ама никогаш нема да им простам.

А на оние изгубени политичари кои го организираа и присуствуваа на протестот во неделата, сакам да им порачам дека следниот пат кога ќе се видиме нема никаква потреба да ми викаат здраво. Не ми е потребно тоа лицемерие. Јас знам дека нема да им кажам.

Тоа зло, никогаш повеќе да не се повтори.

Link with us
  • sun win
  • rikvip rikvip game bài đổi thưởng rikvip lua dao
  • sunwin tài xỉu online tải sunwin game sunwin lừa đảo
Game bài đổi thưởng