Маричиќ-Данци: Швајцарска донаторска помош е директна поддршка на европските реформи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со Патрициа Данци, генерална директорка на Швајцарската агенција за развој и соработка, придружувана од Вероник Улман Марти, амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија.

– Швајцарија е еден од врвните билатерални донатори во земјава која има дадено значаен придонес од 1992 година наваму и тоа во клучни сектори од интерес за земјата и граѓаните во областите демократско владеење, учество на граѓаните, локално владеење, но и за инфраструктура, прашања поврзани со водите и рамномерниот регионален развој, како и родовата еднаквост, истакна Маричиќ на средбата.

Маричиќ и Данци разговараа за Швајцарската стратегија за соработка за Северна Македонија 2021-2024 која е тесно усогласена со реформските процеси на Владата за продолжување на интеграцијата во ЕУ и напорите за постигнување на целите за одржлив развој.

Воедно посочија дека поддршката од швајцарската влада за идентификуваните тематски приоритетни области за заедничка соработка, во вредност од околу 65 милиони швајцарски франци, овозможува поддршка на проекти кои ќе придонесат во реализацијата на реформските процеси и усогласувањето со стандардите на ЕУ, но и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност до директорката Данци за личната заложба и учество во обезбедувањето на донаторската поддршка, за која се согласија дека ќе биде проширена и на високо ниво со цел да се рационализира и да придонесе во спроведувањето на европската агенда во земјата кои се приоритет на Владата.​

game bài sunwin sunwin club tải sunwin

game bài sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin tài xỉu

sunwin.apk mới nhất

sunwin