МАРИЧИЌ: Kазните за загадувачите ќе бидат и до 200.000 евра!

Кога се работи за заштита на животната средина не треба да има никаков компромис. Природата не трпи импровизации и неа никој не може да ја измами.

Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на животната средина, треба да се запрашаме што сите ние правиме за заштита на природата.

? Министерството за правда подготви, а Владата ги усвои законските измени кои предвидуваат до 20 пати повисоки казни за правните лица загадувачи на околината. Откако пратениците ќе ги изгласаат овие измени, казните за загадувачите ќе бидат и до 200.000 евра.

Само така можеме да придонесеме за почиста и поздрава животна средина и ефикасно да се борими со загадувачите.

Link with us
Game bài đổi thưởng