Маричиќ од Црна Гора: Време е за брза евроинтеграција на регионот, политиката на проширување на ЕУ мора да има иднина

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на годишниот Самит на Демократија во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој се оджува во Будва, Црна Гора.

Вицепремиерот Маричиќ се обрати на панел-дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносната динамика во Западен Балкан, на кој истакна дека војната во Украина е последно предупредување за Унијата за ризикот кој го презема оставајќи го овој регион неинтегриран, со верување дека политиката на проширување на ЕУ нема само минато, туку и иднина.

-Затоа напредок во евроинтеграциите е нужен за земјите од Западен Балкан и сега не е време за анализи. Време е за брзи интервенции во евроинтеграциите и поправање на грешките од минатото, рече Маричиќ додавајќи дека и покрај воената криза во Украина, Западен Балкан мора да остане во фокусот на ЕУ, бидејќи тоа е од геостратешки интерес и на Унијата.

Вицепремиерот ја истакна и потребата и важноста, партнерите НАТО, САД и Европската Унија да дејствуваат самоуверено, заедно и во хармонија, потенцирајќи дека вклучувањето на Западен Балкан во евроатлантската политичка и безбедносна архитектура ќе даде позитивен трансформативен ефект врз неговата стабилност и економски просперитет.

Маричиќ на маргините на Самитот оствари билатерална средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кој ги потврдија добрите пријателски односи на двете земји, за кои се согласни дека треба да бидат пример за земјите од регионот.

На состанокот фокус беше ставен на евроинтеграциите на двете земји и напредокот во реформите, како и потребата за интензивирање на регионалната соработка и можноста за приклучување на останатите земји кон Иницијативата „Отворен Балкан“, при што Абазовиќ го потврди учеството на Самитот на Отворен Балкан кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни, во Охрид.

Овогодишниот Самит на ИРИ учествуваат високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, претставници на невладиниот сектор, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.

Самитот започна со кратки изјави за медиумите, а соговорници на вицепремиерот Маричиќ на панел-дискусијата беа премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен САД амбасадорот во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на вицепремиерот Маричиќ:

Ми претставува големо лично задоволство што сум денеска тука, во Будва и Црна Гора, каде секогаш се чувствуваме како дома, и каде сме секогаш добредојдени. Денешниот настан на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ) е еден голем настани за важни, суштински дискусии, дискусии за најгорливите прашања денеска во Европа, војната во Украина, руската агресија во Украина, но исто така и за перспективата на Западен Балкан во Европската Унија.

Руската агресија во Украина ги втурна сите наши земји во позиција каде што мора да се проговори, да се проговори за вредностите и фактите и за она што се случува таму.

Северна Македонија е една од првите држави која се усогласи со ЕУ безбедносната политика и воведе санкции против Русија, вклучувајќи протерување на 17 руски дипломати од руската амбасада во Скопје. Тоа е несакана ситуација за сите нас, но тоа е и морален избор за нас како држава, и затоа нашата одлука да ја осудиме руската агресија и да застанеме со Украина, не беше само наша обврска, како најмлада НАТО членка и како кандидат за ЕУ, туку и наша морална обврска, почитувајќи ги вредностите.

Но, оваа ситуација исто така ја натера ЕУ да ги повика и да ги објасни ставовите кон Украина и земјите партнери. ЕУ покажа активност во земјите кои покажаа интерес за Унијата понудувајќи им рамка за соработка. Тоа значи дека европскиот проект е сè уште мир, демократија и сигурност, покрај тоа што е и проект за просперитет, економски развој и заеднички пазар. Но, ова е исто така и предупредување на Европската Унија за земјите на Западен Балкан, кои се предолго надвор, заглавени или во чекалната или предолго преговараат.

Црна Гора, нашиот домаќин, преговара веќе 10 години, Косово сè уште чека визна либерализација, Србија исто така преговара веќе 10 години, а Северна Македонија е веќе 17 години во чекалната на Европската Унија за да ги почне преговорите како земја кандидат.

Тоа воопшто не е фер, ЕУ кон нас беше строга и правична, но дефинитивно многу повеќе строга, отколку правична. Затоа е вистинско време Европската Унија да демонстрира лидерство, како во Украина, така и на Западен Балкан. Вистинско време е да започнеме со преговорите, ние и Албанија, бидејќи тоа навистина го заслуживме.

Донесовме многу тешки одлуки во изминатите неколку години, за да ги поправиме односите со нашите соседи, да бидеме вистински пример како меѓусоседските односи можат да функционираат во Југоисточна Европа и како можат да донесат позитивна промена во нашите земји.

Ние испорачавме сè што од нас се бараше, заедно со важните и тешки реформи во нашата земја, на судството и сите останати аспекти. Ние испорачавме, но Европската Унија не испорача. Разбираме дека правилата се дека одлуките се носат со консензус, разбираме дека Бугарија има резерви, но ние сме активни и конструктивни во дијалогот со нив. Не смееме да заборавиме, дека оваа ситуација во Украина и на Западниот Балкан е предупредување за Европската Унија, и предупредување за нас дека што побргу треба да ги надминеме разликите и да се обидеме да извлечеме најмногу што може од француското претседателство за да ги започнеме преговорите за пристапување во ЕУ.

Нашата европска интеграција е нашата прва цел, но таа не е во колизија со нашите напори за регионална соработка. Регионалната соработка е особено важна за нашата земја, бидејќи овозможува нашите граѓани, нашите млади луѓе да имаат повеќе можности, полесно да се движат низ нашиот регион, да го развиваат, наместо да се селат надвор од него.

Затоа Северна Македонија активно учествува во сите иницијативи, вклучувајќи ги Берлинскиот процес и Отворен Балкан и инсистира на оставање на отворени врати за сите земји од регионот, за да можеме да направиме прагматични чекори за да го подобриме животот на нашите граѓани, со конструктивност и намалување на важноста и пропустливоста на границите, што ќе овозможи просперитет на целиот регион.

Link with us
Game bài đổi thưởng