Маричиќ: Сомнежите во пресудите се мотив за прочистување на судстовото

Една пресуда повторно го стави македонското судство на нишан на јавноста. Условната казна за обвинет во случај за сообраќајка во која загина 32-годишен маж, а бремена жена заврши со тешки повреди и го загуби плодот, покрена лавина негативни реакции и сомнежи.

Новиот министер, Бојан Маричиќ, доцна попладнево за „360 степени“ одговори дека иако извршната не се меша во судската власт критиките од граѓаните ги гледа како причина за прочистување на судството.

-Без да ја коментирам пресудата, за да нема мешање на извршната во судската власт, можам да кажам дека тоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството кое ќе биде спроведено во нашиот мандат, заедно со иницијатива за проверка на случаите каде има непостапување или лошо постапување на надлежните. Само така може да се врати довербата во судството и правниот систем“, вели Маричиќ за „360 степени“.

Министерот ја поздравува и најавата од првиот човек на Основниот кривичен суд – Скопје, дека ќе го коментира случајот во понеделник. Маричиќ вели дека добро е што судството ги слуша критиките.

-Добро е што самото судство покажува интерес да ги решава прашањата за кои јавноста ги прозива и тоа што претседателот на Кривичниот суд најавил коментар во однос на целиот настан, а повисоките судови ќе имаат можност да се изнесат во натамошната постапка. Судскиот совет пак ја има задачата да ја следи и оценува работата на секој судија, вели тој.

tải sunwin

sunwin

sunwin web sunwin apk sunwin

game sunwin sunwin apk game bài sunwin

tải sunwin tải sunwin sunwin tài xỉu