МАСКА НЕ СЕ НОСИ АКО СИ САМ ВО АВТОМОБИЛ, ВО СЕМЕЕН ДВОР И ВО КАФУЛЕ И РЕСТОРАН – ВОДИЧ ЗА НОВИТЕ КОВИД МЕРКИ

Казната за неносење на маска е 20 евра, а за групирање после 22 часот 500 евра. (Фото: К. Попов)

Носењето на респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично од денес е задолжително во земјава.
Оваа одлука следи откако синоќа Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Земјава вчера ја регистрира највисоката дневна бројка на заболени од ковид-19, 870 од 2.647 тестови. Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 28.697, оздравеа 19.771, починаа 963, а активни случаи се 7.963.

– Маските мора да се носат за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз.
– Маска мора да се носи при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.
– Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее.
– Маска не се носи при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита.
– Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.
– За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.
– Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.
– Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сѐ до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува.
– За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.

sunwin

sunwin web sunwin tài xỉu tải sunwin

sunwin

sunwin

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin apk