МАСКИТЕ ПАЃААТ – РАДИКАЛНИ МИХАЈЛОВИСТИ ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА НА АРСОВСКА, ЧЛЕНОВИ НА КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „ИВАН МИХАЈЛОВ“

На 27 октомври на својата фејсбук страница Данела Арсовска објави фотографија како дели пропагандни материјали со радикален член на Културен центар Иван Михайлов – Битола и МПЗ Тодор Александров.

Здружението Културен центар Иван Михайлов – Битола има за цел „Рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михайлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“.

За време на пописот, на 17 септември Културен центар Иван Михайлов – Битола упати повик за попишување на Бугарите од Македонија со слоганот „Еден народ во две држави“:
„ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ!!!

Дека станува збор за радикален националист, говори и оваа фотографија на истото лице со автоматско оружје во раката пред партискиот грб на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за дел од „Радикалните членови на МПЗ Тодор Алексадров“, кои подоцна го основаа Културен центар Иван Михайлов – Битола.
Во 2016 година, по инцидентот на Мечкин Камен, СДСМ јавно бара да се забрани натамошно учество на здружението „Тодор Александров“ на Илинденскиот марш заради отворена промоција на фашистички идеи од страна на неговите членови и величање на ликови кои отворено го негирале идентитетот на македонскиот народ. Културен центар Иван Михайлов – Битола отворено го негира 11 октомври како национален празник.

На 11 октомври Културен центар Иван Михайлов – Битола објави дека „ДНЕС Е “ПРАЗНИК” В МАКЕДОНИЯ, НАРИЧАН “11 ОКТОМВРИ”. Празнуват го ВСИЧКИ сърбокомунисти, а национално потиснатият ни народ оплаква своите близки убити или безследно изчезнали след 1945 година в сърбо- комунистическите затвори в Идризово, Голи Оток.“

Данела Арсовска, која сеуште ги негира објавените докази дека поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта, и должи на јавноста одговор зошто дели пропагандни материјали заедно со член на здружение кое го оцрнува антифашистичкиот празник „11 октомври“ и пропагира дека Македонците и Бугарите се „ЕДЕН НАРОД ВО ДВЕ ДЪРЖАВИ!!!

sunwin

tải sunwin

sunwin club sunwin tải sunwin apk

sun win

tải sunwin