19.8 C
Скопје
24/09/2023 03:09
МАКТЕЛ

   

    

Медиумската информативна агенција – МИА денеска одбележува 24 години од своето активно работење

    

   

Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година, со што почна редовната продукција на информации за медиумите и граѓаните на земјава, во прво време со фотографии и текст, а денес и со видеопреноси во живо, целосен мултимедиумски израз и присутност на социјалните медиуми.

 

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, кој активно почна со работа пред 24 години. Својата работа државната агенција ја почна со дваесетина новинари, а денес има околу сто ангажирани лица – новинари, дописници од земјата и странство, сниматели, фоторепортери, стручни служби и логистика.
МИА е лидерска агенција во Македонија, која според последните истражувања покрива 65 проценти од македонскиот медиумски простор, а ја користат традиционалните, но и онлајн медиумите, меѓународни организации и институции. Изминатите пет години Агенцијата спроведе сериозни реформи, како организациски, така и програмски, а изминатиот период се работи и на менување на законската поставеност на Агенцијата.

   

     

Имено Државната комисија за спречување на корупција кон крајот на минатата година препорача Владата и сите релеванти институции да го уредат статусот на Медиумската информативна агенција – МИА со посебен закон.

Образложувајќи ја потребата од носење на конкретен закон за утврдување на статусот, положбата и надлежностите на МИА, членот на ДКСК Нури Бајрами во декември 2021 година, посочи дека сега како што стојат работите, Владата како основач неопходно е да го уреди со посебен закон и статусот на органите на управување и статусот на вработените.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска тогаш посочи дека со оглед на проблемите со кои се соочува, сосема на место е предлогот за носење на посебен закон со кој ќе се регулира работењето на МИА.

Оваа препорака беше изгласана на тогашната седница на ДКСК, а потоа и доставена до Владата. МИА е државна агенција, субвенционирана со околу 70 проценти од Владата, а идните заложби на Агенцијата се да ја намали финасиската зависност. Со новиот закон за МИА, Агенцијата би била под надлежност на Парламентот, а очекувањата се дека на тој начин ќе биде финасиски постабилна, а со тоа и професионално посилна. Поддршка за отворање дебата за носење посебен закон за МИА дадоа Советот на Европа, ОБСЕ и ЗНМ.

МИА има дневна продукција од околу 400 вести и други медиумски продукти на македонски, англиски и на албански јазик.

Во изминатите пет години новина е видеосервисот, како и преносите во живо, кои дадоа сериозен придонес, како за изворно информирање на граѓаните кои сакаа во живо да ги следат настаните, така и на новинарските екипи од мас-медиумите, кои поради пандемијата на Ковид-19 и здравствените протоколи беа спречени да бидат на местото на настанот. И по завршувањето на пандемијата, преносите во живо останаа препознатлив печат на Агенцијата.

МИА произведува дневни информации, авторски текстови – интервјуа, стории, анализи, теми, специјални тематски потсервиси, клипинг за меѓународни институции, дневни и неделни пакет-информации, флеш вести, како и видео и фотосервис.

Во согласност со мултимедиумската функционалност, МИА своите информации, дневните настани, авторските текстови – интервјуа, теми, стории и анализи и преноси во живо ги објавува на својата интернет-страница и на јутјуб-каналот, како и преку директно емитување видеа на својата веб-страница и профилот на Фејсбук, Инстаграм и на Твитер.

МИА има соработка со над 50 регионални и светски агенции, дневна дистрибуција на медиумски продукти на МИА-сервиси до домашни, европски и светски институции.

Претплатници на МИА се сите релеванти и влијателни ТВ-куќи, електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Северна Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство.

МИА има потпишано договори за размена на вести и медиумски продукти со сите државни агенции во регионот, како и со повеќе приватни агенции од соседството. Исто така е и дел на информативните пулови на: Дојче веле (Германија), Слободна Европа, Гласот на Америка, АНСА (Италија), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АТА (Албанија), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), АГЕРПРЕС (Романија), ТАНЈУГ (Србија), ФОНЕТ (Србија), БГНЕС (Бугарија), УКРИНФОРМ (Украина), соработува и со големите новински агенции – Европската фотоагенција ЕПА, германската ДПА, британскиот јавен сервис Би-би-си, кинеската XСИНХУА…

Во интерес на медиумската писменост МИА ја стартуваше и својата Агенциска школа за новинарство преку која го дава својот придонес за медиумска писменост и обуки за помлади новинари од другите медиуми, како и студенти од факултетите кои сакаат да влезат во новинарската професија.

Школата стартуваше на 26 февруари 2020 година и тогаш околу 30 искусни новинари од Агенцијата и други медиуми, новинари почетници, но и студенти по новинарство се обучуваа за покривање теми поврзани со Европската Унија, политиките на ЕУ, процесот на преговори на земја кандидат.

„Ова е можност за сите кои сакаат да се занимаваат со новинарство да добијат подлабок увид во она што значи ЕУ, искусните новинари, почетниците, но и студентите по новинарство да се обучат стручно да ги покриваат темите поврзани со Унијата“, изјави тогаш пред присутните директорот и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски.

Агенциската школа привремено ја прекина својата работа поради пандемијата на ковид-19, а ја обнови лани со обука за новинари за заштита на лични податоци, со посебен фокус на новиот Закон за заштита на личните податоци, во соработка со Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП).

Денеска, МИА на 24-годишнината од својата работа станува дел од Медумскиот ден, кој оваа година по шести пати се организира од Институтот за комуникациски студии. Околу 130 ученици од 13 училишта денеска ќе ги посетат МИА, МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера и ТВ Вис и ТВ Сител, при што ќе се запознаат со работата на новинарите, ќе видат како функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но и ќе дознаат како медиумите се справуваат со дезинформациите.

Во време на загаден медиумски простор од лажни вести, МИА со своето искуство и професионалност останува на својата цврста определба да работи во интерес на јавноста со навремени, проверени и точни информации и во одлучна борба против лажните вести.

МИА исто така е и дел од проектот, кој стартува оваа година во соработка со АФП и ДПА за отворање европска редакција во Брисел. На 6 септември во Брисел официјално беше отворена Европската новинска редакција.

Високо професионални новинарски стандарди, навремени и точни информации, борба против лажните вести, како и поблиска меѓусебна соработка меѓу новинарите за сите прашања поврзани со ЕУ и кои се во интерес на Европа е целта на ЕНР, во која се вклучени 18 европски агенции, меѓу кои и МИА. Во рамките на ЕНР, секоја од агенциите објавува пакет вести на мајчиниот јазик, секој понеделник и четврток, а еднаш неделно европската редакција бира една прекугранична европска тема во која учествуваат агенциите со свој национален придонес и агол и оваа сторија се објавува на англиски јазик.

МИА е членка на АБНА – Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа, која оваа година на 30 генерално Собрание, кое се одржа во Бургас и официјално се регистрираше и доби статус на правно лице, организирано по примерот на Европската алијанса на новински агенции. На Собранието беше изгласано Грција да биде претседавач оваа година, Турција следната, а на состанокот во Солун, кој треба да се одржи во 2023. беше предложено да се усвои предлогот МИА да биде претседавач на АБНА-ЈИЕ во 2024 година.

Во текот на изминатите 24 години, МИА како најпедантен хроничар на македонските, регионалните и светските случувања и собитија поседува обемна сопствена база на податоци, информации, фото и видеозаписи, кои се користат и од научната јавност и меѓународни институции за своите анализи и трудови.

    

Најново

Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

Sase Ivanovski

Пендаровски: Рано е да кажам дали ќе барам втор мандат, ќе покажат анкетите

Sase Ivanovski

Албанските опозициски партии обвинуваат дека власта го злоупотребува европското знаменце

Sase Ivanovski

Герасимовски: Кампањата на „BeActive“ не потсетува дека физичката активност не треба да ја занемаруваме

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

БИТКА ПРОТИВ „ЗЕЛЕНАТА МАФИЈА” Екологисти-манипулатори со итроштина ја минираат изградбата на рудникот „Иловица-Штука“

Sase Ivanovski

Европејците во просек работат по 37,5 часа неделно

Sase Ivanovski

Илиевски: Вкупно инвестирани средства во општина Брвеница по сите основи се над 100 милиони денари, ветеното во програмата го исполнив повеќе од 80 проценти, а не сум ни на половина од мандатот

Sase Ivanovski

(Видео) Виктор Грозданов во “Стадион“: Рамно на нула е враќањето на Груевски во Македонија и на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, победува тој кај кого е печатот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАЛЕ ОД ПРИЛЕП ГИ МОЛИ ГРУЈО И МИЦКО ДА СЕ ПОМИРАТ ПРОТИВ КЛЕТИОТ ЗАПАД!

Sase Ivanovski

ФОКУС: На Денот на Европа не се правела „крчмата“ за Груевски, само Гаши му бил гостин на Пендаровски!

Sase Ivanovski

Живинарските фарми предупредуваат дека новите цени ќе предизвикаат недостиг на јајца во маркетите

Sase Ivanovski

Вработени во полските дипломатски претставништва низ светот обвинети за примање мито во замена за издаваше визи за Шенген зоната

Sase Ivanovski

Берлин бара од Варшава да ги разјасни обвинувањата за визите

Sase Ivanovski

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ САРАЕВО Упатено е предупредување до граѓаните да се подготват за поплави

Sase Ivanovski

Северна Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно

Sase Ivanovski

72 санкционирани возачи на територијата на ОВР Прилеп

Sase Ivanovski

“Мислите дека ќе ја отапе болката, но само ве убива” Наоми Кемпбел за својата борба со зависностите

Sase Ivanovski

Илјадници Руси мора да ја напуштат Летонија

Sase Ivanovski

Украина денеска повторно го ракетираше градот Севастопољ на Крим

Sase Ivanovski

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати во последниве две години вршеа шпионажа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФУРКАН ДО МИЦКОВСКИ: ЗАРЕМ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ ЗЛОДЕЛА ШТО ГИ НАПРАВИ ЈАНКУЛОВСКА?!

Sase Ivanovski

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа

Sase Ivanovski

Англија не се откажува од 15-минутни градови, проект за раззеленување, а не за контрола

Sase Ivanovski

Пет македонски градови ќе се справуваат со аерозагадувањето со помош на Шведска и УНДП

Sase Ivanovski

„Future is Feminist“: Жените знаат да управуваат со времето и приоритетите, на лидерски позиции носат подобри резултати, а во иднина ќе бидат повеќе присутни на масата кадешто се носат одлуките за подобрување на заедницата

Sase Ivanovski

Автомобил се запалил на Теферич, нема повредени

Sase Ivanovski

Индија, Бразил и Јужна Африка бараат реформa во Советот за безбедност на ОН

Sase Ivanovski

Американскиот сенатор Менендез и неговата сопруга обвинети за поткуп

Sase Ivanovski

Во Норвешка е уапсен поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“

Sase Ivanovski

Денеска почна есента

Sase Ivanovski

Битиќи од Њујорк: Членството во ЕУ ќе го заштити животниот стандард на граѓаните и во услови на кризи и конфликти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Власта да ги исполни очекувањата на пензионерите

Sase Ivanovski

Тешко повредено дете во градинка во Скопје

Sase Ivanovski

ДУИ го демантира Мицкоски дека Ахмети и Џафери примиле УСБ и документи

Sase Ivanovski

Мицкоски чека Ахмети и Џафери да откријат какви документи добиле на УСБ

Sase Ivanovski

Во Турција храната поскапе за 74,3%, во Србија 17.9, а во Македонија 13,1 отсто!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: ТЕПАЧКАТА МЕЃУ ГРУЈО И МИЦКО МИ ПРАВИ ЗЕН БУДИЗАМ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВАТА ШПИЦА НА ИНФОМАКС СО ПАРОДИЈА НА БЕГСТВОТО НА ГРУЈО У ГЕПЕК!

Sase Ivanovski

Пожарот во Хром бил подметнат за да се скрие убиство

Sase Ivanovski

Нападите на Груевски го збиваат ВМРО и зацврстуваат Мицкоски, оценува Ангелов

Sase Ivanovski

Јанкулоска е жртва на политичка тортура, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Хрватската полиција уапси навивачи на Динамо во врска со убиството на Кацурис

Sase Ivanovski

Абазовиќ: Дајте им повеќе можност на жените, мажите не се покажаа успешни!

Sase Ivanovski

Пендаровски му врачи орден на Гутереш: Благодарност до ОН за поддршката по скопскиот земјотрес

Sase Ivanovski

Со успех на КБтим и со финансиска поддршка од Комерцијална банка и нејзините Mastercard картички, KOLORRUN 2023 имаше ново и возбудливо издание

Tamara Ivanovska

“Live at Audiokultura” со Георги Шарески Трио

Tamara Ivanovska

Како општествено одговорна компанија со високо вкоренети корпоративни вредности Комерцијална банка ја има честа да биде еден од промоторите на „Клубот на одговорни бизниси“ во земјава

Tamara Ivanovska

Ѓорѓиевски: Подстаница комплетно го менува својот лик – од заборавена до урбана населба!

Tamara Ivanovska

Ѓорѓиевски: Ново фудбалско и детско игралиште, нов паркинг простор во ООУ ,,Круме Кепески” и многу среќни дечиња

Tamara Ivanovska

ТРИМ И ЛУМ: Трособен стан од 85 m² во населба Трим и Лум близу езерото во #Струга – со подно греење, модерни плочки и паркет, убав поглед!

Tamara Ivanovska

Николовски: Задоволство ми е да го најавам Вториот Национален саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата”, кој ќе се одржи на 🗓 7 октомври 2023 година (сабота) со почеток од 11 часот во Градскиот парк – Скопје

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) 18 компании се дел од проектот „Вклучување на приватниот сектор“ (PSE – Private Sector Engagement) што го финансира швајцарската организација „Хелветас“

Tamara Ivanovska

Кому му пречеше паркот за миленици во Кавадарци?

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БЕСПЛАТЕН ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КАВАДАРЕЧКИТЕ УЧИЛИШТА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ОСНОВЦИТЕ ОД КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Tamara Ivanovska

Зајкова: Нашата иднина е Европската унија, таму припаѓаме!

Tamara Ivanovska

АУЕ: Искористете ги последните рокови за упис и одберете го ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА при АУЕ – ФОН!

Tamara Ivanovska

Нагорно Карабах: Пресудија влошените руско-ерменски односи

Tamara Ivanovska

Вучиќ на средба со потпретседателот на ЕК, потпишано писмо за намери меѓу Србија и ЕУ

Tamara Ivanovska

ЦУК: Двата авиона „Ер трактор“ се вклучуваат во гаснење на пожарот кај селото Милетино

Tamara Ivanovska

Пред 80 години отворено е првото македонско училиште во селото Подвис, Кичевско

Tamara Ivanovska

Османи ги охрабри Македонците во Албанија: На пописот слободно изразете ја вашата етничка припадност

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Ако е толку очајна ситуацијата како што СДС вели, нека закаже избори, па тогаш ќе видат колку поразени ќе бидат

Tamara Ivanovska

Приведен арачиновец, расчистени три кривични дела

Tamara Ivanovska

Фатен крадец на дело во Прилеп, следува соодветна пријава

Tamara Ivanovska

ЕУ реагира, а Али Ахмети се однесува како невин. Оваа е реалната ситуација која произлегува од измените во Кривичниот законик

Tamara Ivanovska

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Позитивната листа е маркетинг на Владата на штета на граѓаните

Tamara Ivanovska

СДСМ: Со СДСМ македонската култура постигнува значајни успеси

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски е бледа копија на Груевски, распадот на ДПМНЕ е поради суети и големо внатрешно незадоволство

Tamara Ivanovska

Одбраната и/или последните денови на Мицкоски

Tamara Ivanovska

ВИДЕО: Пет лица загинаа, а над сто се повредени во експлозија во фабрика во Тајван

Tamara Ivanovska

Чекална во Скопје за граѓаните кои 30 години чекаат почист воздух, нови учебници, влез во ЕУ, поголеми пензии

Tamara Ivanovska

ПУТИН ЌЕ НЀ НАДЖИВЕЕ СИТЕ, ТАКВА МУ Е ПСИХАТА Опозициски лидер во Русија го деконструира владеењето на неговиот соперник

Tamara Ivanovska

ИЛЈАДНИЦИ РУСИ МОРА ДА ЈА НАПУШТАТ ЛЕТОНИЈА Не се пријавиле на испитот за летонски јазик

Tamara Ivanovska

НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СИ ГО НАВРЕДИЛ МОЈОТ НАРОД! Полскиот премиер Моравјецки му сржа на Зеленски

Tamara Ivanovska

За шест месеци странците во Албанија оставиле 1,55, Албанците во странство околу една милијарда евра

Tamara Ivanovska

Шилегов: СДСМ седум години носеше сериозни процеси на својот грб

Tamara Ivanovska

24инфо: Драма во ТВ Алфа, Груевски барал вклучување во живо?!

Tamara Ivanovska

Бројот на возила на патиштата се зголемува, се увезуваат повеќе половни и дизел автомобили

Tamara Ivanovska
Вчитувам....