ИСКУСНАТА НОВИНАРКА КОЈА ДОСЕГА БЕШЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА СИТЕ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО, МЕНЧЕ ТОЧИ СТАНА ПОРТПАРОЛ НА ФЗУ

Драги пријатели и непријатели ? Сакав да ви соопштам нешто јавно, кога ќе дојдеше момент. Но, бидејќи почнаа да сатанизираат на Твитер, на официјален документ на Агенција за администрација, ве известувам:
По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување.

Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да раководам со секторот за односи со јавност. Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме силите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку.

Уште сум на моето работно место во 24 тв, ќе заминам на новото кога ќе завршат процедурите. Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата голема љубов– новинарството, е токму лошата состојба и непрофесионализмот кој се повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓаните со нивниот говор на омраза и навреди. Иако, непосредно пак, ќе бидам поврзана со медиумите

Помогнав на многу луѓе, таму каде можеше, извршив притисок да се сменат закони и некои работи во здравството. Се надевам еден ден, по пензионирање, ако имам желба ќе се вратам со пишување колумни или емисија или пак, со книга.
Дотогаш, да сме здрави и живи! Ништо повеќе, не треба! Ви благодарам на поддршката.

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin tài xỉu tải sunwin apk tải sunwin apk

game bài sunwin sunwin apk tải sunwin apk