МЕРКА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Се намалува ДДВ за храна и пијалоци во ресторани и сендвичарници

Владата го усвоила Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Според измените од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.

Од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 отсто за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Исто така од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5 отсто за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.