Добро со кој памет застана ВМРО ДПМНЕ зад Данела?!?! Толку ли немаше подобар кандидат?!?! Зарем немаше поразумен поспособен човек во Скопје со 500 000 народ од Данела?!
И сега Мицковски ќе си ги испере рацете, демек немаме ништо со Данела, таа не разочара?!?! Па вака ли ќе тераш политика бе човече?! Каде ти е филтерот, ветингот, зарем не ја провери и процени жената колку може колку знае и што има во главата?
Зошто тераше инат? Зошто ја туркаше упорно за да го зацрни Скопје?!
Ова ли е таа математичка прецизност во процената на кадрите, вака ли ќе ставаш министри и директори?!?!
Што е пострашно во приказнава, директори кои се од ВМРО ДПМНЕ и местеле тендери од 130 милиони евра или неспособна градоначалничка која во очај да спаси малце од рејтингот тргнува во лов на вештерки против директори со јавни клевети?!
Какво крешендо каков хаос, Мицковски уште еднаш покажа дека нема капацитет за лидер и премиер!