МИЦКОВСКИ НЕ Е ДОСТОЕН ДА БИДЕ ПРЕМИЕР, ЧОВЕКОТ НЕМА ОСНОВНО НИВО НА ЕТИКА И МОРАЛ

Пишува Саше Ивановски Политико

Толку многу прилики имал Мицковски да ни покаже дека е човек со интегритет со морал со етички мајндсет. И толку многу пати не разочарал. Човекот има таква прекрасна шанса каква не им се пружа на многу луѓе – да бидеш лидер на опозицијата практично на еден чекор до премиерската фотеља, и имаш шанса да ја добиеш довербата на јавноста со просто човечко разумно морално однесување и тој нон стоп промашува чист пенал…

Денеска пред него владиката Агатангел се глупираше и ја претвори манифестацијата закројување лозје на Свети Трифун од верска и традиционална во партиска собиранка ја злоупотреби МПЦ и ги разгневи оние кои се неполитички или не се членови на ВМРО ДПМНЕ а такви се над 85% од јавноста. Со својата глупост Агатангел му сервираше пенал на Мицковски да го ублажи скандалот со државничка изјава пред новинарите во која требаше да го осуди гафот на владиката и да повика на обединување човечко аполитичко во вакви моменти. Но што направи Мицковски?! Се правеше мутав и ги лажеше присутните и јавноста дека Агатангел не направил ништо лошо?!?!?!

Зошто Мицковски зошто?!?! Толку ли немаш морален компас?!?! Зарем толку ти е етиката изреметена да не знаеш што е срамно поведение а што е разумно достоинствено поведение?!

Вчера снема струја и со сиот памет Мицковски излегува со изјава дека владата ја угасила струјата за неговиот говор да не се чуе?!

Во исто време излегува со блесава понуда до КОвачевски за обединување за отфрлање на барањата од Бугарија со што прави ПР потег и притисок да не се реши проблемот со Бугарија со што уште повеќе ќе заглавиме на патот кон ЕУ. А во исто вртеме држи пресови во кои повикува да сме имале повисоки плати во земјава?!?! Како може да биде толку лицемерен кога знае многу добро дека без ЕУ плати повисоки во земјава нема да има, тоа е поврзан процес, членството во ЕУ за сиромашни земји значи забрзан развој повеќе странски инвестиции поефтини кредити и голема линија на донации од ЕУ, како може Мицковски да глуми дека не знае дека без ЕУ нема да има висок животен стандард за граѓаните на земјава?!?!

Зошто е толку нечесен, зошто е толку одлепен од здравиот разум, зошто е толку површен, аморален, зошто барем не изглуми дека не е тоа што е?! Толку е политички анти талент што дури не се ни труди да глуми дека е европски политичар достоен да биде премиер?! Жива среќа е што нашиот народ нема високи критериуми а и генерално десницата во светот нема високи критериуми за лидер па така беше и со Доналд Трамп, не им е важно кој ќе ги реализира нивните валкани пореметеми идеологии на омраза и национализам и стереотипи и фобија од малцинствата соседите поинаквите либералните цивилизациски вредности и слободи…

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu

sun win

sunwin web

sunwin

tải sunwin