ВМРО-ДПМНЕ дава силна поддршка на МПЦ, последна во процесот одлуки за автокефалност е таа на Вселенската Патријаршија која дава полноважечки Томос
ВМРО-ДПМНЕ ставот во однос процесот за автокефалност го искажа во повеќе наврати давајќи силна поддршка на одлуките на Синодот на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија и Архиепископот Стефан.
Во овој процес последна е одлуката на Вселенската Патријаршија, која како врховна институција во православниот свет има право да доделува полноважечки Томос за автокефалност.
На тој начин ќе се комплетира еден процес многу значаен за нашата света МПЦ – Охридска Архиепископија и за верниот православен народ на Македонија.