МИЦКОВСКИ, ТВОЈАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА МЕ ПОТСЕТУВА НА ФИЛМОТ КОГА ЛИКОТ НА ТОМ ХЕНКС ЗАГЛАВУВА НА ПУСТ ОСТРОВ

Пишува: Саше Ивановски Политико

Има една сцена од легендарниот филм CAST AWAY со оскаровецот актерот Том Хенкс кој верувам го имаат гледано речиси сите повозрасни читатели на Мактел. Во филмот инаку ликот на Том Хенкс завршува на пуст остров откако ќе му се расипе авионот, и само тој преживува и никако не успева да го напушти островот, иако на неколку обиди прави сплавови кои брановите му ги распаѓаат на парам парче.

Сцената на која алудирам и која ме потсетува на политичката кариера на Мицковски е кога конечно ликот на Хенкс ќе успее да направи доволно силен сплав и ќе успее да ги погоди струите околу островот за да ги победи силните бранови кои цело време го напаѓаат островот и во тој еден момент, Хекс ќе се сврти кон островот кој за миг ќе му заличи на еден безбеден рај и за момент ликот на Хенкс ќе се двоуми дали да се врати на тој рај каде е сам и ќе умре осамен или да оди на отворено море каде можеби ќе загине но можеби и ќе наиде на некој брод кој ќе до однесе кон неговата сопруга.

Така и Мицковски овие денови се наоѓа на таков сплав кој се клати и се распаѓа и како да се двоуми, да отиде на отворено море па макар и политички да загине или пак да си остане суверен неприкосновен лидер во десницата но на долг рок никогаш да стане премиер освен ако не се случи некакво божјо чудо. И мислам дека Мицковски како да го одбра ова второто.

Наместо храбро да излезе на отворено море и да се дистанцира и од Груевизмот и од 27-ми април и од национализмот и од анти западното КАЛИМЕРО плачење и од реториката против соседите и Албанците, значи да се помести драстично кон центарот со РИЗИК да ја изгуби радикалната десница но да УЛОВИ стотици илјади неутралци па и разочарани левичари, тој како да одбра да си седи мирно и спокојно во врелото столче што му го остави Груевски и да ни нуди Груевизам без Груевски.

Тешко дека тоа ќе го направи премиер, Заев треба да биде спокоен на долг рок а и СДСМ како партија, нема закани за нивната иднина со ваков Мицковски кој реши да седи на пустиот политички остров на безбедно.

Link with us
Game bài đổi thưởng