Мицотакис: Граѓаните на Северна Македонија секогаш може да сметаат на сојузникот Грција

Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија, заклучија премиерот Зоран Заев со грчкиот колега Киријакос Мицотакис на средбата во Владата во Атина.
Како што соопшти владината рес-служба, на средбата на која присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација.
Во однос на евроитеграциите на Северна Македонија премиерот Мицотакис, се наведува, порача до премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Северна Македонија можат да сметаат.

Заедничка беше констатацијата на премиерите дека Северна Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и дека претпристапните преговори со ЕУ треба да почнат час поскоро.

Земјата покажа дека има сериозен капацитет да склучува и исполнува договори за пријателство, заклучија Мицотакис и Заев.

Дополнително на средбата беше подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Северна Македонија и Албанија од аспект на почнување на процесот на преговори со ЕУ.

Поголем дел од состанокот, се наведува, премиерите на двете земји разговараа за искористување на потенцијалите за економска соработка, како и за деловните можности кои произлегуваат од соработката меѓу стопанските комори од двете земји. Премиерот Мицотакис истакна дека поради економски и геополитички причини Грција сериозно ја поздравува и поддржува одлуката на Северна Македонија за инвестициите во гасните проекти Александруполи.

Link with us
Game bài đổi thưởng