Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција презела мерки за да ги обезбеди потребните енергетски резерви во текот на зимата во случај Русија да ја запре испораката на гас.
– Подготвени сме за најлошото можно сценарио, а тоа е Русија да ги запре испораките на природен гас – изјави Мицотакис на прес-конференција во Солун.
Тој рече дека Грција обезбедила доволно товари течен природен гас, дека неколку електрани се подготвени да преминат од гас на мазут и дека капацитетите на јаглен се зголемени, пренесе Ројтерс.