Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата.
Оставката, како што посочуваат од Владата, ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира.
Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа.
Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание.
Офијално се уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња.