– Траги комично е дека снемало струја за да се замолчат вмровците, сега и трафостаниците се нивни непријатели. Излегува дека Мицковски и градомначалниците на ВМРО ДПМНЕ толку многу грмеа и лажеа што рушеа звучни ѕидови па прегора и трафо станиците на МЕПСО…
Лидерот на ЛДП се шегува на сметка на опозицијата која обвини дека вчера снемало струја на сред говор на Мицковски за да биде замолчан лидерот на опозицијата. МЕПСО излезе со соопштение дека изгореле неколку големи трафостаници поради технички дефекти кои се неизбежни во текот на работата.