МИЛЕВСКИ: Владата го трасира патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во С. Македонија, автопатот Кичево-Гостивар и Битола-Прилеп!

Денес присуствував на првата седница на Комитетот за преговори, за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10D.
На денешната седница на Комитетот која ја води првиот потпретседател на Владата, Артан Груби ги усвоивме следните заклучоци:
➡️се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација;
➡️се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
➡️се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица.
✅ ️Оваа година започнуваме со градба!
✅️ За прв пат до Битола ќе стигне и модерен автопат, за што сум особено горд

Link with us
Game bài đổi thưởng