МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18 000 ДЕНАРИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ МНОГУ ПРОБЛЕМИ ВО ЗЕМЈАВА, ВЛАДАТА ДА БИДЕ ВНИМАТЕЛНА

Ми се допаѓа тоа што владата се труди да ги покачи платите во земјава. Баш поради тоа и се тие горчливи компромиси со Грција и со Бугарија…

Сето тоа на крај се сведува на подобар живот за народот.

Но се случија пандемија, енергетска криза и можеби бизнисот нема сила во овој момент да ги покачи платите, се плашам дека ако им наредиме на фирмите да делат повисоки плати дека многу бизниси ќе банкротираат.

На крај ќе ни се случи оној пех со прогресивниот данок кој прво го воведовме па ни избегаа многу бизниси во соседството па моравме да го укинуваме после само 1 година.

Се плашам дека и сега може да ни се случи фијаско на многу сектори каде профитната маржа е ниска и газдите со цел да бидат во рамките на законот ќе почнат да отпуштаат вработени а ќе бараат постоечките работници да работат дупло повеќе за да си ја заработат платата, ќе ни се случи превработеност и нарушено здравје на работниците.

Минималната плата треба внимателно да се одредува и да се води дијалог со сите и со коморите и со синдикатите и тука Битиќи е во право што не донесува одлука без да добие дозвола од комирите затоа што газдите се свесни дека среќен работник е плус за фирмата но во исто време кога има пандемија и енергетска криза прашање е дали фирмите можат да делат толку висок минималец.

Апелирам до владата да биде внимателна, затоа што како велат, патот до пеколот е поплочен со рози, добрите намери пак можат да не однесат во амбисот. Лесно им е на Сојуз на Синдикати, тие не делат плати, тие се платени да штрајкуваат.

Они немаат фирми немаат вработени немаат хали за да платат струја и греење, немаат роба која треба во време на пандемија да ја продадат низ светот па да наплатат па на крај ако нешто остане да поделат плати. Затоа гласните синдикати треба да се игнорираат, многу повеќе треба да се слушаат коморите и да се види што им треба на бизнисмените за да тие ги развијат своите фирми и така посилни фирми ќе делат поголеми плати и ќе вработуваат повеќе.

sunwin club sunwin.apk mới nhất sunwin apk

tải sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin web sunwin club sunwin.apk mới nhất