Министерката Шахпаска го посети поранешниот Детски дом „11 октомври“ кој прераснува во современ центар за социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети Детскиот дом „11 октомври“ , кој со процесот на деинституционализација го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата.

Целта на денешната посета на министерката Шахпаска беше увид во активностите за пренамена на овој објект. Во еден дел од објектот се подготвува да отпочне со работа Центар за поддршка на згрижувачки семејства и Центар за мајки и деца, кој периодов наназад се реновираше во соработка со УНИЦЕФ, а со финансиска поддршка на Британската амбасада.

Истовремено беа разгледани и просторните можности кои ги нуди објектот за развивање на нов сет на социјални услуги како поддршка на процесот на деинституционализација, а со цел нејзино успешно спроведување.

Во него веќе функционира една од пилот-комисиите за функционална проценка на способностите и попреченоста на децата, согласно методологијата (МКФ) препорачана од Светската здравствена организација.

Деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од резиденцијалните институции во згрижувачки семејства или групни домови во заедницата. Тоа е првиот, мошне важен чекор. Сега пред нас е предизвикот да ги пренамениме објектите во кои порано живееја корисници и да понудиме нови социјални услуги за граѓаните.

game sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin web sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

tải sunwin apk

sun win