Министерот Бектеши во посета на трговски центар на увид како функцинира недела неработен ден: Се применуваат законските одредби, работниците добиваат дополнителна дневница за работа во недела

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што констатираше дека во објектите кои со новите измени имаат дозвола да работат во недела, се применуваат новите новите законски одредби.
Министерот истакна дека разговарал со дел од вработените кои што го информирале дека согласно новото законско решение во делот на трговија им се исплаќа 100% дневница за работа во недела.

“Денеска во недела имав прилика заедно со мојот тим да видам како се применува мерката недела неработен ден. Посетивме неколку продавници во трговскиот центар,ќ и разговаравме со работниците во делот на измените и дополнувањата на Законот за трговија што ги направививме и за дневниците и за надоместокот што треба да се плати за работа во недела кои изнесуваат 100% кај трговските објекти. Сите тие продавници кои беа посетени ги применуваат одредбите од законот. Мерките се применуваат откако е донесено законското решение. Како Министерство за економија сме задоволни со оваа нова политика за недела неработен ден, а посебно со тоа што тие што ќе бидат ангажирани во недела ќе имаат поголеми приходи, а со тоа ќе се зголеми нивниот животен стандард” кажа министерот Бектеши.
Министерот исто така информирраше дека во рамки на посета на трговскиот центар посетил и еден од супермаркетите кои што работат во недела за да утврди дали има доволно залиха на основни прехранбени производи за кои од 1 март Министерството за економија донесе одлука да ги замрзне маржите.
“Има доволно залиха на основни прехранбени производи, надлежните институции се на терен и вршат проверки во теговски објекти кои продаваат прехранбени производи се со цел во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови” кажа министерот Бектеши.

Со почит
Одделение за односи со јавноста

Link with us
Game bài đổi thưởng