Екипа на Прес24 од терен дознава дека министерот за правда, Бојан Маричиќ е дел од сообраќајната несреќа која предмалку се случи во Скопје, но ова веднаш беше демантирано од прес службата на владата. Мактел дознава дека министерот во тој момент бил во некоја од телевизиите каде давал интервју.
На раскрсницата кај Влада пред малку се судрија три возила. Моментално има застој на булевар Илинденска во правец кон Центар. Едно од возилата припаѓа на Службата за општи и заеднички работи.
Имено, министерот за правда не го возел автомобилот, туку истиот бил управуван од возач.
На терен се возила на Итната медицинска помош.
Повеќе информации се чекаат во текот на вечерта.