Министерство за правда: Погрешна е формулацијата „негативно мислење“ во предлог Законот за граѓанска одговорност, ќе го измениме тоа во амандманската расправа

Министерството за правда соопшти дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.

-Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање, се додава во реакцијата на Министерството.

Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“

-Само фалете ја власта дека ве усреќува и нема никогаш да ве тужат за клевета. Ова е коментарот на адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата Твоја.

Тој го коментира предлогот на Владата за промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење. Според него ова е обид за воведување на еден нов вид на вербален деликт.

На овој предлог вчера реагираше и адвокатот Јанаки Митрoвски.

-Новиот предлог да се одговара за навреда и за ‘негативно мислење’ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро – оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура – оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!”, пишува за предлогот на владата адвокатот Митровски.

Овоj предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, деновиве влезе во собраниска процедура.

game sunwin sunwin web sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

sunwin club sunwin tài xỉu game bài sunwin

sunwin tài xỉu

sunwin