Мојаноски за „Фокус“: На потег е СПЦ, повторно на црковен план ќе се прекршуваат световните интереси

Светиот Синод на Вселенската Патријаршија денеска донесе одлука со која ја признава македонската црква за канонска црква, под името Охридска Архиепископија.

Универзитетскиот професор и поранешен претседател на Комисијата за односи со верски заедници, Цане Т. Мојаноски за „Фокус“ објаснува дека ова е значаен исчекор и значаен ден и доолгоочекувана вест за Македонската паравославна црква, за Синодот, за Архиепископот г.г. Стефан, целокупната црковна ерархија и за верниците, што значи дека Охридската архиепископија постанува дел од православната заедница во светот, чија ерархија и верница ќе општат непосредно.

Тоа е првиот чекор. Натаму се очекува дека Српската православна црква, согласно историското искуство, да ја извести Вселенската патријаршија дека епархиите од Македонија политички се омеѓени во посебна црква. По што треба да следи издавањето на томос.
Дали тоа ќе се случи? Веројатно тоа ќе биде нијансирано во рамките на разликите што постојат меѓу Констатнтинополската и Московската патријаршија.

Повторно на црковен план ќе се прекршуваат световните интереси и проблеми. Треба да очекуваме дека интерес на Српската православна црква да ја има во своја близина Македонската православна црква и дека ќе го следи и почитува интересот на македонските православни верници, вели професорот.

Тој напоменува дека оваа постапка е непосредно пред одржувањето на мајското заседание на Саборот на Српската православна црква, на кое треба да се дефинира ставот и да се исцрта патеката на решавање. Таа патека може да има повеќе решенија.

Да се надеваме дека е созреано сознанието дека автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е најдобриот интерес на верниците од Македонија, но и на Српската православна црква. Да се надеваме, дека разумот ќе победи и дека ќе се напуштат концептите и стратегиите на минатите векови, вели Мојаноски.

Мојаноски додава дека треба да се надеваме дека ќе следува решение со кое ќе биде затворено единственото отворено прашање со Република Србија и на тој начин овој наш сосед по сите линии и прашања ќе се идентификува како најискрен пријател и поддржувач на македонскиот народ, на православните верници во Македонија, но и на македонската држава.

Во секој случај оваа одлука на Вселенската патријаршија предизвикува почит и радост кај секој православен верник. Затоа е значајно истата да ја поддржиме и им заблагодариме на сите кои на тој пат се вложија, како и на сегашната епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на Синодот и Архиепископот г.г. Стефан да им честитате и да им посакаме успешно да го остварат автокефалниот статус на нашата Црква, заклучува Мојаноски.

sun win

sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin club sunwin tài xỉu game bài sunwin

sunwin club sunwin sunwin