Мојсоски: Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 изјави дека македонската фудбалска А репрезентација си има свои национални бои, тие се „црвена“ и „жолта“ боја, и не треба да се менуваат..

Воедно додава дека ќе му биде чест да се испратат нашите херои на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје каде што денеска од 18.00 часот ќе играат пријателски натпревар против Словенија.

Покрај Мојсоски кој верува во потенцијалот на фудбалерите, на стадионот ќе бидат и навивачите, поради пандемијата на коронавирусот во ограничен број на трибините, па така по подолг период се слушне нивната неопходна поддршка.

– Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата. Самата федерација ги одредува боите и не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува.

Има закони, се знаат боите во сите репрезентации, има црвена и жолта боја, боите мора да се тие. Се покажа дека дресот не поминува и не е лице на македонската репрезентација, па по реакциите на јавноста дресот се промени – вели Мојсоски.

tải sunwin sunwingame

go88 telegram go88 go88 cổng game quốc tế

go88 vin go88 apk ios go88