МОНСТРУМИ: Кривична пријава против пет лица од Струмица и едно од Радовиш – за пари ја проституирале својата 45 годишна сестра која имала нарушено здравје

Денеска (02.06.2022) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, а во содејство со СВР Струмица, ОСПО при МВР и СВР Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, извршено од страна на шест лица, и тоа Б.Д.(55), М.Г.(69), И.Р.(50), К.И.(51) од Струмица и В.Д.(67) од Радовиш, по член 418-а став 3 од Кривичниот законик, а С.А.(48) од Струмица, по член 418-а став 1 од Кривичниот законик. Сите се лишени од слобода, против нив е поднесена кривична пријава, изнесени се пред Судија на претходна постапка и за сите е побарано определување на мерка притвор.

Имено, Б.Д., заедно со М.Г., В.Д. и С.А., во периодот од декември 2021 до 11.04.2022 година, го сториле кривичното дело на тој начин што В.Д. и С.А., како родител односно сестра на жртвата, извршиле продажба на 45-годишно женско лице кое имало здравствени проблеми, додека Б.Д. и М.Г., по претходен договор со В.Д., ја прифатиле жртвата во нивните домови и за определен паричен надомест на И.Р. и К.И. им овозможиле користење на сексуални услуги со лицето, стекнувајќи се со противправна имотна корист. На 10.04.2022, В.Д., за одреден паричен надомест, договорила и овозможила склучување на брак помеѓу нејзината ќерка со И.Р.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 02.06.2022 на подрачјето на Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што шесте лица се лишени од слобода и е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело.