МОРАТОРИУМОТ ГИ ВАДИ ОД ТАКТ ИНВЕСТИТОРИТЕ CO СКОПЈЕ: ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ ПРЕКИНАТО ДИВОТО ГРАДЕЊЕ НА ХОТЕЛОТ КАЈ ПОРАНЕШНО „БЕКО“, ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Инвеститорот од лани во мај не престанува со градба иако нема дозвола од Општина Центар. (Фото: СДК.МК)

Хотелот ТЦЦ „Плаза“ на местото на поранешно „Беко“ не престанува да се гради. Градежна механизација и работници и викендов го градеа хотелот иако немаат градежна дозвола за градба од Општина Центар бидејќи на сила е мораториумот.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

„Запознаени сме дека инвеститорот пак гради. Досега десетина пати ја прекинуваме градбата, ама џабе нема разбирачка. Овластен градежен инспектор кој беше на терен констатира дека се прекршени законските одредби согласно Законот за градба. Незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

На градилиштето, во јули годинава дојде до инцидент меѓу сопственикот Борис Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај лани почна со градежни работи и оттогаш не престанува да гради.

Link with us
Game bài đổi thưởng