МТСП: Развој на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост со широк општествен консензус и учество на сите страни

Како дел од процесот на развивање на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост на Република Северна Македонија денеска во просториите на Сојузот на Националните инвалидски организации-Даре Џамбаз во Скопје се одржа консултативна средба со сите релевантни чинители кои се засегнати со процесот на развојот на документот, односно претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, членови на НКТ за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Агенциите на Обединетите Нации во земјата, Националните инвалидски организации, претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, граѓанските организации, родителските заедници и лица со попреченост.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост на Република Северна Македонија е дел од Владината програма за 2022 година, а носител е Министерството за труд и социјална политика со техничка поддршка на Германската развојна агенција.

Во консултативните процеси беа земени во предвид мислењата на сите учесници каде што секој го даде својот придонес. Развојот на документот ќе биде согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и комплементарна со Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост.

Позитивната атмосфера создава услови да се изработи сеопфатна и реална стратегија која ќе биде одржлива, спроведлива и во која ќе бидат вклучени сите, од централните и локалните власти, Националните инвалидски организации, граѓанските организации, лицата со попреченост, организациите на ООН. Преку дискусија заеднички е договорена временска рамка за извршување на идните активности.

Присутните соговорници постигнаа консензус дека развојот на Националната стратегија е од голема важност за лицата со попреченост, унапредување на нивните права и вклучување во општество на еднаква основа со другите.

game bài sunwin game sunwin game bài sunwin

tải sunwin

game sunwin sunwin web sunwin club

sunwin tài xỉu

sunwin