МТСП: Социјалната реформа продолжува, обучени 300 негуватели да пружаат нега на 900 стари лица

Со Проектот за подобрување на социјалните услуги 300 негуватели ќе пружаат нега на 900 стари лица над 65 години во нивните домови. Со оваа социјална реформа се предвидува реализација на социјалните услуги како што е помош и нега во домот на стари лица и пружање на услуги во Дневен центар за лица со попреченост. А децата со со попреченост во Дневните центри ќе добиваат групна, индивидуална и окупациска терапија. Покрај работата со лицата со попреченост предвидено е и советување и работилници и со родителите со цел тие полесно да се справуваат со своите деца во домашни услови.

Социјалната реформа е една од клучните во системот на социјална заштита чија стратешка цел е да обезбеди темелни промени во зајакнување на човечкиот капитал, намалување на сиромаштијата и подигнување на квалитетот на живот во државата. Оваа реформа дава и конкретни резултати, обезбедува нови социјални услуги за корисниците и креира нови работни места, меѓу кои и за оние граѓани од ранливи категории.

Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка социјалните услуги ги спуштаме на локално ниво, со цел нивна достапност и до најоддалечените места на живеење. Преку Проектот досега се склучени 19 Договори за грант во кои се вклучени проекти во 24 општини.

Проектот е вистински пример на соработка на централната, локалната власт и невладините организации, кои заедно работат на градење на еднакво општество за сите, во кое граѓаните се стожерот на политиките.

Link with us
Game bài đổi thưởng