– Кажете Муцунски, имавме ли заробена држава кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт? – го праша Костадинов Муцунски на Топ Тема на Телма.
– Имаше слабости минатата власт секако, тоа е несомнено, но имаше и доста добри работи… – одговори Муцунски. Со ова тој срамежливо призна дека поранешната власт на ВМРО ДПМНЕ била режим и со тоа се приклучи на Гоца, Миле и Протуѓер кои во процесот Титаник признаа дека ВМРО крадело избори и ја злоупотребувала моќта за да остане на власт.