МВР ДЕНЕСКА ПОДЕЛИ НАД 500 КАЗНИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА – КАЗНЕТИ ПЕШАЦИ, ВОЗАЧИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ…

240 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 240 пешаци. Притоа 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло…Од нив 85 на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,…
За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

263 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи. Од нив 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 160 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

296 сообраќајни прекршоци во Скопје, 114 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 85 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 33 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 41 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

102 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (13.02.2022) во периодот од 10.00 до 16.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 102 возачи. Од нив 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 46 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

61 санкционирани возачи во населба Драчево, 18 за брзо возење

Денеска (13.02.2022) во периодот од 09.00 до 17.00 часот на територијата на населба Драчево спроведена е засилена акциска контрола во областа на сообраќајот при што санкционирани се вкупно 61 возач, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18, седум за возење без возачка дозвола…

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

sunwin apk sunwin web sunwin

sun win

tải sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin sunwin web