МВР: ФАТЕНИ 40 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ

469 санкционирани возачи за брзо возење, 40 за возење под дејство на алкохол

На 02.01.2021 во периодот од 12.00 до 20.00 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената и за возење под дејство на алкохол, при што се санкционирани 469 возачи за брзо возење и 40 возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното.

Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 120 возачи за брзо возење, а пет за возење под дејство на алкохол, СВР Скопје евидентираше 26 казни за брзина, 12 за алкохол, 52 санкции за брзо возење, а девет за возење под дејство за алкохол се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 37 за брзо возење и две за алкохол на подрачјето на СВР Охрид, а 69 за брзина поголема од дозволената и една казна за возење со присуство на алкохол повеќе од дозволеното се констатирани на подрачјето на СВР Куманово.

СВР Струмица регистрираше 48 казни за брзина и пет за возење под дејство на алкохол, СВР Штип 53 санкции за брзина и четири за алкохол, СВР Велес 38 за брзо возење и една за управување возило под дејство на алкохол, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 26 возачи за возење побрзо од дозволеното и една казна за управување под дејство на алкохол.

Link with us
Game bài đổi thưởng