МВР ФАТИ НАД 100 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ШИРУМ ЗЕМЈАВА: 23 во Илинден и Петровец, 36 во Тетово, 35 во Скопје

23 санкции за возење под дејство на алкохол во Илинден и Петровец

Во текот на вчерашната вечер (04/05.06.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територија на Илинден и Петровец, при што санкционирани се вкупно 23 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

36 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово

Во текот на изминатата вечер во периодот од 01.00 до 05.00 часот на територија на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи. За време на контролата биле санкционирани и шест останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

223 санкционирани возачи во Скопје, 35 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 223 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 67 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

sun win

tải sunwin sunwin apk tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu

sunwin