МВР го повика во полициска станица ѓубрето кое ширеше омраза за автобуската трагедија

Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето за кое и ЦИВИЛ Медиа објави дека шири говор на омраза за трагичната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 луѓе, било повикано на информативен разговор во полициска станица.

„Денеска (26.11.2021) од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по извршени оперативни проверки и активности, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје извршен е информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза“, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на РСМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презел мерки и активности и го утврдил лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје било утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје.
„Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Link with us
Game bài đổi thưởng