МВР го уапси Битолчанецот кој му се закануваше на Јовевски

Во Битола е уапсен 56-годишниот Стевче Зика кој пред десетина дена му испрати заканувачко писмо на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Истиот човек и се заканувал и на обвинителката Вилма Русковска, дознава „Слободен печат“.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“. Ова е само дел од писмото со закани по живот кое го добил Јавниот обвинител Јовески. Со препорачана пратка, испратена од Пошта во Битола, се бараше ослободување од гонење на двајца новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Испраќачот се претставил како дел од терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се борела и ќе ги бранела до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Обвинителот Љубомир Јовески пак, изјави дека ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Писмото, на англиски и македонски јазик, беше пратено до МВР.

Инаку постапката која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на Јавен обвинител.

„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата. Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство“ известија од ОЈО.

sun win

sunwin apk

game bài sunwin game bài sunwin tải sunwin apk

sun win

game sunwin sunwin club tải sunwin apk